Изби пожар во српска фабрика за муниција, ден претходно имаше експлозија во погонот (ВИДЕО)

Пожарот кој изби над фабриката за муниција Слобода во Чачак беше локализиран синоќа околу 22 часот. Сè уште не се знае причината за пожарот кој изби вчера во 20 часот и ја зафати шумата над фабриката.

EPA-EFE

Пожарот ги вознемири граѓаните кои живеат во близина на фабриката и стравуваа по силната експлозија во еден од погоните на фабриката која се случи ден претходно. Во експлозијата беа полесно повредени тројца работници, а повеќе десетици семејства од околината на фабриката беа евакуирани.

Експлозии во фабриката имаше и порано.

На 4 јуни оваа година се случија низа експлозии во фабриката.

Локалното население наведува дека тогаш како последица на експлозијата им настрадала стоката, а некои велат дека во своето село нашле шрапнели и делови од оружје. Мештаните тврдат дека имало и видливи штети на улиците и автомобилите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе