„Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на ОАЕ може да потврди дека Обединетите Арапски Емирати им посакаа добредојде на претседателот Ашраф Гани и неговото семејство во земјата од хуманитарни причини“, гласи целото соопштение, објавено на веб-страницата на министерството во вторникот.
Амбасадата на Русија во Кабул во понеделникот објави дека Гани избегал од земјата со четири автомобили и хеликоптер полн со готовина, и дека морал да остави дел од парите, бидејќи не собирало сè.
Авганистанскиот потпретседател Амрула Салех вчера се прогласи за вршител на должноста претседател на државата и повика на отпор кон талибанците. Тој прецизира дека според Уставот се смета за в.д. претседател, имајќи предвид дека досегашниот претседател избега од земјата.