„Најголема чест“

Ивица Дачиќ избран за претседател на српското собрание

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ беше избран денес за нов претседател на Скупштината на Србија.

EPA-EFE

По јавното гласање, Дачиќ го поддржаа 225 пратеници, а против беше еден.

Изборот на Дачиќ го поддржаа пратениците на Српската напредна партија, СПС, Сојузот на војводинските Унгарци и Српскиот патриотски сојуз.

Во биографијата на новиот претседател на собранието на Србија е наведено дека е роден во Призрен во 1966 година, а дека на Факултетот за политички науки дипломира со просечна оценка 10.

Дачиќ беше пратеник во собранието на Сојузна Република Југославија од 1992, па во собранието на Србија, а на местото претседател на Скупштината дојде од функцијата министер за надворешни работи на Србија.

Тој кажа дека „за секој државотворен политичар е најголема чест да биде на челото на парламентот како носител на највисоката законодавна власт“.

Им се заблагодари на оние кои го поддржаа неговиот избор, а на оние кои не гласаа им порача дека „ова е собрание на сите граѓани“ и дека тој од сите „во најдобриот интерес на граѓаните, само бара толеранција, со уважување на политичките разлики“.

„Искрено му благодарам на претседателот на Србија Александар Вучиќ кој не мораше мене да ме предложи за тоа место, но тоа го направи уважувајќи ги заедичките цели“, кажа Дачиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе