Повлекувањето најавено за шест месеци

Итен состанок на НАТО поради повлекувањето на Американците од договорот Отворено небо

Амбасадорите на земјите членки на НАТО се повикани утре на итен состанок по најавата за американско повлекување од договорот Отворено небо поради наводно руско непочитување на договорот, дознава Франс прес од дипломатски извор.

EPA-EFE/WILL OLIVER

„Состанокот е свикан за петок попладне за да се анализираат последиците на американската одлука која ја најави претседателот Доналд Трамп“, наведува изворот.

„Русија не го почитуваше договорот. Ако тие не го почитуваат, ние се повлекуваме“, кажа американскиот претседател Трамп и прецизираше дека повлекувањето ќе се спроведе за шест месеци.

Договорот Отворено небо го потпишаа 35 земји и тој овозможува проверка на воените движења и мерките за органичување на оружјето на земјите потписнички со набљудувачки летови.

Трамп сепак не ја затвори вратата за преговори за договорот. Во НАТО пактот ја критикуваат американската одлука. Сите сојузници побарале Соединетите Држави да останат во договорот, објави дипломатскиот извор.

Американскиот претседател претходно еднострано ги повлече САД од мултилатералниот договор за иранската нуклеарна програма, како и од договорот ИНФ за нуклеарните ракети од краток и среден дострел, што реципрочно го направи и Русија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/WILL OLIVER

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе