Итен план на Грција: нови затворени кампови за емигранти на пет острови

Грција планира да ги искористи законските овластувања за итни ситуации за изградба на емигрантски центри на пет острови, соопштија денес властите.

Планирана е изградба на нови објекти на Лезбос и уште четири острови на источниот дел на Егејското Море за со нив на крај да се заменат постоечките кампови кои се пренатрупани, изјави портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас, а пренесува Асошиејтед прес.

„Во овие затворени објекти ќе владејат строги правила и (ограничување на) движењето за оние кои се во нив“, кажа Пецас.

„Жителите ќе добијат билети за контролирано излегување од кампот, кој ноќе ќе биде затворен“, додаде портпаролот.

Пецас наведе дека ќе се искористат брзите законодавни постапки за изградба на локациите, со тоа што владата ќе донесе итен указ кој подоцна ќе го ратификува парламентот.

Речиси 60.000 луѓе минатата година нелегално минаа од Турција на грчките острови, според податоците на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации, што е околу двојно повеќе од бројот забележан во 2017 и 2018 година.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе