Италијанско семејство загина кај вулканот во близина на Неапол (ВИДЕО)

Момчето и родителите загинаа денеска, кога под нив се сруши тлото на просторот на кратерот на вулканот Солфатара во близина на Неапол.

Се верува дека момчето се онесвестило поради гасовите пред да падне во кратерот. Родителите се обиделе да го спасат, но кратерот се срушил, пренесе Гардијан.

Италијанските пожарникари изјавија дека извадиле три тела од плитката дупка во делот од кратерот на вулканот Солфатара што е ограден за туристите да не доаѓаат на тоа место.

„Или имало мала експлозија или земјата едноставно пропаднала под нивната тежина и паднале во дупката“, изјави портпаролот на италијанската противпожарна служба Лука Кари и истакна дека несреќата се случила во оградениот простор.

Жртвите се туристи од северна Италија, 45-годишен маж, 42-годишна жена и 11-годишен син. Помладиот син, седум години, не паднал во дупката и е неповреден. Тоа преживеало бидејќи отишло во потрага по помош.

Причината за смртта ќе биде официјално утврдена по обдукцијата, а пожарникарите кои беа на местото на настанот, велат дека жртвите најверојатно настрадале од жешките гасови што излегуваат од земјата во пределот на кратерот.

Солфатара е еден од многуте вулкански кратери во областа на Кампи Флегреи 20 километри западно од Неапол, кој за туристи е отворен уште од 1900 година. Од земјата во оваа област се ослободуваат водни пареи од 160 степени Целзиусови.

Областа на несреќата е позната и по честото срушување на тлото.

Еден од локалните работници, Диего Витаљано, рече дека е најлошата несреќа што ја видел во својот живот.

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе