Италијанските власти го казнија Фејсбук со седум милиони евра

Италијанските власти го казнија Фејсбук со седум милиони евра бидејќи не ги информирал доволно корисниците за тоа како ќе ги користи нивните лични податоци.

EPA-EFE

Фејсбук не ги информирал доволно корисниците кои отвораат профили како ќе се користат нивните податоци, соопшти Италијанската агенција за конкурентност.

Социјалната мрежа не ги спровела мерките кои регулаторот ги вовел во 2018 година.

Според агенцијата, информациите кои Фејсбук им ги пружил на корисниците биле нецелосни и корисниците не можеле да разликуваат кои нивните податоци ќе се користат за рекламирањето, а кои за персонализацијата на платформата на Фејсбук, на пример за полесно барање нови корисници.

Портпаролот на Фејсбук изјави дека мерките од 2018 година не се спроведени бидејќи сè уште трае жалбената постапката против нив. Додаде дека компанијата инаку ги сменила условите за користење за да биде појасно на кој начин ги користи податоците.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе