Италијанските популисти се скараа околу новата шефица на ЕК, Салвини зборува за избори

Италијанската влада, која ја чинат Движењето пет ѕвездички и партијата Лига, нема да падне бидејќи таа е „единствено можна", рече заменик-премиерот Луиџи ди Мајо во интервју за весникот Кориере дела сера.

Ди Мајо, кој е исто така лидер на Движењето пет ѕвездички, рече дека неговата партија никогаш нема да формира ново алтернативно мнозинство со партијата на левиот центар (ПД).

Во одделно интервју за истиот весник лидерот на Лига и втор заменик на премиерот Матео Салвини рече дека сè уште има време за распуштање на парламентот и излез на нови избори по летната пауза, но на Движењето пет ѕвездички е да одлучи дали римската популистичка влада ќе преживее и ќе ја продолжи соработката во областа на зајакнување на регионалната автономија, усвојување на буџетот за следната година и реформирање на правниот систем.

Италијанските партии на владејачката коалиција се судрија во средата околу изборот на Урсула фон дер Лајен за нова претседателка на Европската комисија, во гласањето што може да ги загрози надежите на Рим дека ќе обезбеди едно од главните места во новата Европска комисија.

Движењето пет ѕвездички ја поддржа Фон дер Лајен во гласањето во вторникот во Европскиот парламент, додека екстремно десничарската Лига била против особа која за нив претставува „стара школа“ и политики што сака да ги демонтира.

„Гласајќи за Фон дер Лајен, Луиџи Ди Мајо ги издаде италијанските интереси“, напиша Лига на Твитер.

Фон дер Лајен едвај обезбеди победа, за само девет гласови, па се чини дека поддршката од Движењето на пет ѕвездички се покажала клучна, истакнува Лига под претпоставка дека тоа е основа за идните тргувања со Брисел.

Лидерот на Пет ѕвездички верува дека Лига гласајќи против Германката, ја доведе својата партија во опасност да стане „ирелевантна“. Лига на Салвини наскоро би можела да плати висока цена поради неподдржувањето на новата претседателка на Европската комисија, оценува и Ројтерс.

Премиерот Џузепе Конте на почетокот на овој месец потврди дека добил ветување од останатите лидери на ЕУ дека во следната Комисија, Италија ќе доби важно економско портфолио.

Секоја од 28-те земји-членки има свој комесар, но Фон дер Лајен мора да го потврди изборот на секоја членка поединечно и сигурно ќе ги избере оние кандидати за кои мисли дека ќе може добро да соработува и да го води ЕУ во текот на следните пет години.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе