Италијанскиот вицепремиер: На Европа ѝ претстои голем политички земјотрес

Италијанското популистичко Движење на пет ѕвезди го поздрави резултатот на изборите во Баварија. Шефот на движењето и италијански вицепремиер Луиџи ди Мајо најави дека по изборите за Европскиот парламент во мај Европа ќе добие ново лице.

„Ние повторно ќе ја формираме ЕУ“, напиша Ди Мајо на својот фејсбук профил.

Тој потсети дека веќе подолго време укажувал дека на Европа ѝ претстои политички земјотрес.

„Изборите во Баварија се само еден симбол на она што ќе се случи. Италија е предводник на таа Европа во пресврт. Како што Италија беше протагонист во основањето на Европската Унија, ќе биде протагонист и во нејзиното повторно формирање. Тоа ќе биде почеток на солидарноста“, порача Ди Мајо.

Тој го пофали успехот на Зелените во Баварија.

„Тие се наоѓаат надвор од шемата лево-десно. Нивниот успех покажува дека темата на заштитата на животната средина е сѐ поважна“, напиша Ди Мајо.

И шефицата на италијанската неофашистичка десничарска партија „Браќа на Италија“ Џорџија Мелони го слави поразот на ЦСУ во Баварија.

„Ни Германците повеќе не ја поддржуваат политиката на канцеларката Ангела Меркел, иако Германија овие години се збогати на товар на ЕУ. Ние Италијанците ја плативме најголемата цена од сите. Изборите во Баварија се почеток на бура, која ќе почне по изборите за европскиот парламент во цела Европа“, истакна Мелони.

Лидерот на Форца Италија, поранешниот премиер Силвио Берлускони подвлече дека ЦСУ, и покрај поразот, останува најсилна партија во Баварија. Успехот на Зелените, според него, покажува дека Баварците сѐ уште веруваат во Европа.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе