Италијанскиот сенат му го укина имунитетот на Матео Салвини

Италијанскиот сенат изгласа да му се укине имунитетот на Матео Салвини, со што е отворен патот да се покрене обвинение против екстремно десничарскиот поранешен министер за внатрешни работи затоа што одбил на 164 мигранти да им дозволи да се симнат од брод во Сицилија, јави Гардијан.

Фото: ЕПА

За време на 14 месеци како министер за внатрешни работи, тој во повеќе наврати им оневозможувал на бродовите со спасени мигранти да пристапат до пристаниште. Таквата политика резултирала мигрантите да останат заглавени на море со недели пред европските држави да одредат пристаниште или пред судовите да интервенираат.

Во тековниот случај, Салвини одбил пристап до пристаниште на спасувачкиот брод „Отворени раце“, кој останал на море три недели додека конечно не му било дозволено да влезе во пристаниште на италијанскиот остров Лампедуза.

Во февруари сенатот го ослободи Салвини од евентуални обвиненија затоа што пред една година на бродот на Италијанската крајбрежна стража, кој прибрал 141 мигрант спасени од други два брода му оневозможил да дојде до пристаниште. „Грегорети“ со денови бил заглавен на море се додека судијата не одобрил да пристане во Августа, Сицилија.

Во двата случаи и за „Грегорети“ и за „Отворени раце“, Салвини рече дека сака да се соочи со обвиненијата за да го исчисти своето име.

„Им благодарам на сите оние што ќе ме испратат на судење затоа што така ми даваат голем подарок“, рече тој пред гласањето во четвртокот. „Во судницата – за разлика од другите - ќе одам со исправена глава и со исправен грб. Ви благодарам“.

Во друг случај што отишол до сенатот додека Салвини сè уште бил министер за внатрешни работи, партијата на Салвини изгласала да не му се одземе имунитетот, со што е заштитен од гонење бидејќи на 190 мигранти не им дозволил да се симнат од друг брод на крајбрежната стража во август 2018 година.

„Дичоти“ бил заглавен на море пет дена, а потоа стоел во пристаниште уште пет, пред да им се дозволи на мигрантите да заминат.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе