„Да се примени поинаков начин на решавање на кризата“

Италијанскиот премиер предупредува дека европската конструкција ризикува да ја загуби причината на постоењето

Италијанскиот премиер Џузепе Конте ја повика Европската Унија да „не прави трагични грешки“ кон пандемијата на коронавирусот бидејќи во спротивно целата европска конструкција ризикува да ја загуби причината за своето постоење.

„Инерцијата би им оставила на нашите деца огромен товар на разурната економија“, кажа Конте во интервју за весникот Ил соле 24 оре, објавено денес.

Тој кажа дека ако ЕУ сака да биде на ниво на предизвикот треба да го почне големиот План за европско заздравување и реинвестирање, кој го поддржува опоравувањето на целата европска економија.

На состанокот на Европскиот совет во четвртокот „имаше повеќе од несогласувања, дури и тврда и отворена конфронтација со германската канцеларка Ангела Меркел“, кажа Конте, наведувајќи дека причината за тоа е тоа што Италија минува низ криза и има голем број умрени и која предизвикува голема економска рецесија.

„Претставувам земја која многу страда и не можам себеси да си дозвлам колебање“, кажа тој. Во Италија досега се регистрирани 9.000 умрени откако во неа пристигна пандемијата на коронавирусот.

Конте истакна дека во Италија, како и во други земји членки на ЕУ, се приморани да прават трагични избори.

„Треба да избегнеме во Европа да се прават трагични избори. Доколку Европа не се крене на нивото на овој предизвик без преседан, целата европска конструкција ризикува да ја изгуби во очите на нашите граѓани причината за своето постоење“, предупреди Конте.

На состанокот на Европскиот совет во четвртокот тој им кажа на своите колеги кои размислуваат за Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) дека сега е потребно нешто друго.

Тој механизам е воспоставен за помош на земјите членки кои се соочуваат со финансиски тешкотии поврзани со асиметрични шокови, а, како што кажа Конте, коронавирусот предизвикува симетричен шок, со ефект на уфрлање на европските економски и социјални системи во депресија, синхроно и тотално неочекувано.

Тој смета дека сега е потребно да се примени нешто сосема поинакво во однос на кризата од 2008 година.

„Се наоѓаме во критичен момент на европската историја“, порача Конте.

Тој во интервјуто потврди дека со указот што го подготвува за април планот за помош на Италија ќе порасне преку 50 милијарди евра, вклучувајќи ги 25 милијарди евра кои веќе се „мобилизирани“.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе