„Не можеме толку да зависиме од одлуките на една земја“

Италијанскиот премиер: Можеме без рускиот гас

Италија краткорочно ќе може да се носи со целосен прекин на снабдувањето со гас од Русија, но неговиот прекин би ја отежнал ситуацијата во зимите кои претстојат па треба да се размисли за други извори за набавка, кажа денес премиерот Марио Драги.

EPA-EFE

Дури и ако Русија следната недела го прекине снабдувањето, резервите гас и алтернативниот увоз ќе бидат доволни да се покрие главната побарувачка, особено ако се земе предвид дека таа обично паѓа со доаѓањето на потоплото време, кажа Драги во парламентот.

„Меѓутоа, во случај на прекин на руските испораки ситуацијата би можела да биде посложена во зимите кои доаѓаат, па дури и во поскора иднина“, предупреди италијанскиот премиер. Италија работи на зголемување на снабдувањето од други земји-извознички на гас, како Алжир и Азербејџан, како и на поголемо користење на течниот природен гас од шкрилци.

Владата е спремна, ако е потребно, привремено да ги надгледува снабдувањето со гас и секторот за производство на електрична енергија и привремено да ги врати во употреба постоечките централи на јаглен и нафта.

Изјавата на Драги доаѓа во момент кога острите западни санкции против Русија се закануваат со прекин на снабдувањето со енергија, поттикнувајќи страв од недостиг од гас, редукција на потрошувачката на струја и зголемување на цените, пишува Ројтерс.

Италија, која гасот го користи за околу 40 отсто од производството на електрична енергија, покрива над 90 отсто од своите потреби за енергенсот од увоз. Минатата година рускиот гас бил 40 отсто од вкупниот увоз на гас на Италија. Иако снабдувањето со енергија досега е заобиколено со санкциите, се стравува дека можни нарушувања би можеле да ја зголемат цената на струјата.

Драги, кој вети дополнителна помош на семејствата и компаниите ако е потребно да се ублажи ударот од високите сметки, изјави дека во овој момент нема знаци на прекин на дотокот на гас од Русија.

„Меѓутоа, важно е да се разгледаат сите можности, имајќи го предвид ризикот од одмазда и можното понатамошно заострување на санкциите“, порача италијанскиот премиер. „Треба да се прошири палетата на доставувачи на енергија, независно од тоа што краткорочно се случува со дотокот на руски гас“.

„Не можеме толку да зависиме од одлуките на една земја. На коцка е нашата слобода, не само нашиот просперитет“, заклучи Драги.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе