Среде здравствената криза со која викендов беше оправдано воведувањето на новите порестриктивни мерки, коалициската влада, на власт од септемвру 2019, би можела да падне по оставките на две министерки и државниот секретар од редовите на Италија вива, помалата партија која ја води поранешниот премиер Матео Ренци.
Во обраќањето во Пратеничкиот дом, каде неговите коалициски партнери Демократската партија и Движењето на 5 ѕвезди го имаат мнозинството, Конти ги бранеше своите резултати и го нападна поранешниот сојузник Ренци, истакнувајќи дека тој нема да учествува во реорганизираната влада.
Пратениците во текот на вечерта, како што се очекуваше, ѝ изгласа недоверба на владата, но нејзиниот вистински тест ќе биде денес, кога премиерот ќе дојде во Сенатот на ризично гласање: без 18-те пратеници на Италија вива неговата влада повеќе нема мнозинство таму.
„Да кажеме отворено: минатото не може да се избрише. Време е да свртиме страница“, кажа претходно Конте. „Оваа земја заслужува единствена влада која ќе работи полно работно време за доброто на своите граѓани“.
Потоа побара „јасна и транспарентна поддршка“ од сите пратеници кои „се гледаат во темелите на најблагородните европски традиции, либералните, народните и социјалистичките“, директно предупредувајќи на опасноста од доаѓањето на евроскептиците на власт. „Сите на кои во срце им е судбината на Италија ги повикувам: Помогнете ни!“, порача Конте.