Италијанскиот парламент изгласа дека Турците извршиле геноцид врз Ерменците

Долниот дом на италијанскиот парламент вчера го усвои предлогот со кој бара од владата официјално да го признае турскиот геноцид врз Ерменците.

Предлогот е усвоен со 382 гласа за, никој не беше против а само 43 пратеници беа воздржани, и тоа од опозициската конзервативна партија на поранешниот премиер Силвио Берлускони.

По усвојувањето на предлогот, пратениците аплаудираа.

Владата, која нема заземено позиција околу предлогот, би требало да го прифати предлогот на парламентот, но нема законска обврска.

Во понеделникот Турција го повика италијанскиот амбасадор во Анкара за да „изрази жалење“ поради предлогот и побара објаснување на италијанската позиција, наведува агенцијата АНСА повикувајќи се на дипломатски извори.

Турција упорно го отфрла користењето на терминот геноцид за опишување на масовното протерување и убивање на 1,5 милиони Ерменци во Османлиското царство, кое Турција го наследи како држава.

Анкара тврди дека меѓу 300 и 500 илјади Ерменци загинале и тврди дека тоа било галвно резултат на немирите за време на Првата светска војна и дека тие случувања не можат да бидат наречени геноцид.

Неколку парламенти, вклучувајќи ги францускиот и германскиот, официјално ги прогласија убиствата на Ерменците во 1915/1916 за геноцид.

Папата Франциско во 2015 година на миса во базиликата Свети Петар зборуваше за ерменскиот геноцид како „прв геноцид во 20 век“.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе