Италијанскиот министер Салвини повторно обвинет за киднапирање мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини изјави дека е повторно обвинет за киднапирање мигранти поради блокирање на хуманитарен спасувачки брод.

Салвини од Монца, град во северниот дел на земјата, рече дека е под истрага поради задржување на германската невладина организација Си-воч во јануари.

„Повторно сум под истрага, но ќе повторам, некои министри можат да бараат што сакаат, но додека сум јас министер за внатрешни работи италијанските пристаниште се и ќе бидат затворени (за спасувачките бродови на невладините организации)“, рече Салвини.

Бродот Си-воч е задржан речиси една недела во близина на источниот брег на Сицилија, пред да му биде дозволено на 31 јануари да влезе во пристаништето на Катанија и да истовари 47 мигранти.

Италија дозволи мигрантите да бидат истоварени на пристаништето само откако шест земји од Европската унија Германија, Франција, Португалија, Романија, Малта и Луксембург се согласија да ги расподелат мигрантите.

Салвини за првпат беше обвинет за киднапирање во сличен случај во август минатата година, кога било одложено истоварувањето на 170 мигранти од бродот на италијанската крајбрежна стража.

Во долготрајната законска постапка обвинителите побараа да му се суди на Салвини, но процесот во март го укина италијанскиот Сенат, повикувајќи се на имунитетот на министерот.

Се верува дека новиот случај против Салвини исто така нема далеку да стаса.

Според Салвини, тужителот кој писмено го известил за започнувањето на истрагата предлага да се отфрлат обвиненијата, но дека судиите треба за тоа да одлучат.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе