Италијански војник избоден со нож во Милано, напаѓачот викал „Алаху акбар“

Италијански војник бил прободен со нож во грлото од напаѓач што извикувал „Алаху акбар“ пред Централната станица во Милано.

Нападот се случил околу 10:45 часот по локално време. Војникот бил погоден во вратот и рамото за време на бесниот напад, пренесоа италијанските медиуми.

Напаѓачот избегал, но брзо бил уапсен од полицијата, на која исто така ѝ викал „Алаху акбар“.

На местото дошле полицајци и војници и воспоставиле безбедносен кордон. Во тек се истраги за да се утврди дали нападот е поврзан со тероризам.

34-годишниот војник бил однесен во блиската болница на итен третман, од каде што велат дека неговата состојба не е опасна по живот и покрај длабоката рана на вратот.

Напаѓачот, наводно странски државјанин, бил вооружен со ножици и очигледно бил редовен посетител на станицата.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе