Италијански политичар кој се спротивставува на задолжителни вакцинации доби сипаници

Италијанскиот политичар Масимилијано Федрига, член на партијата Северна лига, која се противи на задолжителната вакцинација против 12 болести, доби варичела поради што помина четири дена во болница.

„Добар сум, дома сум и се опоравувам. Ви благодарам на сите“, напиша 38-годишниот Федрига на социјалните мрежи откако е пуштен од болница.

Федрига е противник да се воведе во Италија задолжителна вакцинација за 12 болести, вклучувајќи и сипаници.

Вакцинација против дифтерија, тетанус, детска парализа, но и од варичела, морбили и заушки е задолжителна за упис на дете на возраст до шест години во јасли или градинка.

Роберт Буриони, италијански микробиолог во еден пост на Фејсбук изјави дека се надева дека заразувањето на Федрига со варичела ќе влијае врз другите родители кои се скептични околу вакцинирањето.

„Ако заразил бремена жена, ќе се соочевме со деформирано дете или со абортус“, пишува Буриони. „Единствен начин да ги избегнеме овие трагедии е да ги вакцинираме сите за да се спречи циркулацијата на овој опасен вирус, кој можел да погоди и многу поранлива личност“.

Родителите на невакцинираните деца на возраст од 6 до 16 години им се заканува парична казна од 100 до 500 евра. На италијанските ученици им е забрането да доаѓаат на училиште додека не донесат потврда дека биле вакцинирани.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе