Според мерките донесени во петокот вечерта, Рим веднаш неповратно понуди 1,95 милијарди евра за компаниите и помош во храна за сиромашните.
Владата подготвува дополнителни осум милијарди евра за постојните програми за помош.
Италија, поради блокирањето на земјата со цел да се потисне епидемијата, годинава очекува економски пад од најмалку девет проценти. Министерството за финансии додава дека новите мерки оваа година не би требало да го турнат буџетскиот дефицит над сегашните 10,8 проценти од бруто-домашниот производ (БДП).
Владата планира да потроши дополнителни 15 до 20 милијарди евра за да ѝ помогне на економијата во почетокот на следната година, пренесува Хина.
Според Министерството за здравство, Италија во петокот регистрира 37.242 нови случаи на зараза и 699 смртни случаи од ковид-19.