Италијанската влада одобри 10 милијарди евра помош за фирмите

Италијанската влада одобри пакет помош од 10 милијарди евра за компаниите погодени од вториот бран на пандемијата на коронавирусот.

Фото: ЕПА

Според мерките донесени во петокот вечерта, Рим веднаш неповратно понуди 1,95 милијарди евра за компаниите и помош во храна за сиромашните.

Владата подготвува дополнителни осум милијарди евра за постојните програми за помош.

Италија, поради блокирањето на земјата со цел да се потисне епидемијата, годинава очекува економски пад од најмалку девет проценти. Министерството за финансии додава дека новите мерки оваа година не би требало да го турнат буџетскиот дефицит над сегашните 10,8 проценти од бруто-домашниот производ (БДП).

Владата планира да потроши дополнителни 15 до 20 милијарди евра за да ѝ помогне на економијата во почетокот на следната година, пренесува Хина.

Според Министерството за здравство, Италија во петокот регистрира 37.242 нови случаи на зараза и 699 смртни случаи од ковид-19.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе