Италијанската влада ја усвои „мајката на сите реформи“

Италијанската влада во вторникот усвои предлог за серија мерки со кои сака да се поедностават постапките за јавни набавки и да се поттикне дигитализацијата и изградбата на инфраструктурата за да и помогне на економијата да се опорави од коронакризата, пренесе Ројтерс.

EPA-EFE/ FILIPPO ATTILI

„Уредбата за поедноставување“ е усвоена по повеќе недели политички преговори, а премиерот Џузепе Конте ја најави како „мајка на сите реформи“ што ќе ѝ помогнат на економијата да се врати на нозе по коронакризата.

На синоќешната седница, владата усвои привремена верзија на уредбата, а деталите допрва треба да бидат разработени. Предлогот потоа мора да го усвои парламентот во рок од 60 дена.

Според нацртот, во кој увид имал Ројтерс, пакетот мерки опфаќа низа области, како што се јавни набавки, дигитализација, регулативи за докапитализација на компании и за кривична одговорност на државните службеници.

Владата така сака да им овозможи на органите на државната управа да доделат работа со пониска вредност без долготрајни јавни тендери и планира драстично да ја поедностави постапката и за поголеми проекти, во вредност до 5,2 милиони евра. Во почетната фаза, изменетите регулативи ќе останат во сила 12 месеци.

Со уредбата исто така ќе се заостри дефиницијата за злоупотреба на службената должност, што значи дека ќе биде уште потешко да се поведе истрага против владини службеници осомничени за вакви прекршувања.

Официјални лица понекогаш претпочитаат да блокираат проекти наместо да се изложат на опасност од истрага со издавање на дозволи за нешто што последователно може правно да се оспори.

Според новите закони, на поголем правен ризик ќе бидат изложени службените лица кои го водат проектот од оние што го одобруваат, објасни премиерот.

Дигитализацијата би требало да биде забрзана со поедноставни процедури за воспоставување нови мрежи за широкопојасен пристап до интернет и ограничени овластувања на градоначалниците за блокирање на инфраструктурата за мобилни мрежи од новата генерација на 5Г.

Во областа на корпоративното управување со уредбата до крајот на годината ќе се укине барањето според кое докапитализацијата мора да биде одобрена од две третини од акционерите.

Уредбата ќе биде основа за италијанскиот план за обнова од коронакризата, реформски план што Рим мора да го достави до Европската комисија во септември за да добие пари од европскиот план за обнова, им објасни на новинарите премиерот Конте.

„Ќе се пофалам со уредбата, цела Италија мора да се фали со неа и резултатите што ќе ги донесе“, рече Конте на прес-конференција.

Тој ја нарече уредбата револуција, тврдејќи дека тоа ќе помогне да се зголемат јавните инвестиции во текот на следните четири години на три проценти од БДП, од минатогодишните 2,3%.

Премиерот исто така ја претстави листата од вкупно 130 инфраструктурни проекти кои според него можат да бидат започнати според новите прописи, а вклучуваат нови брзи железнички линии низ целата земја.

Движењето Пет ѕвезди стравува дека олеснувањето на контролите во постапките за јавни набавки може да ја поттикне корупцијата, најголемиот италијански проблем, јави Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ FILIPPO ATTILI

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе