Италијанската полиција разоткри план за формирање нова нацистичка партија (ВИДЕО)

Италијанската полиција соопшти дека разоткрила план чија цел била формирање нова нацистичка партија и заплени оружје во претреси спроведени низ земјата.

Полицијата во 16 градови и места, од Сицилија до Алпите, ја спровела акцијата во истрагата почната пред две години.

Истрагата открила „огромна и разнолика низа субјекти, жители во разни места, кои ги обединил истиот идеолошки фанатизам и волјата да формираат отворено пронацистичко, ксенофобно и антисемитско движење“, се наведува во соопштението на полицијата.

Полицијата не наведе колку луѓе се придружиле на групата или колку се уапсени. Во Италија „одбраната на фашизмот“ и напорите за зашивување на фашистичките партии се смета за злосторства.

Полицијата ги покажа нацистичките симболи, вклучувајќи кукасти крстови и фотографии на Адолф Хилтер запленети при претресите на 19 локации.

Најдено е и големо количество оружје, вклучувајќи пиштоли, ловечки пушки и самострели.

Групата се поврзала со екстремистички групи во Португалија, Британија и Франција, меѓу другите.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе