Италијанската полиција протестира, не сака розови маски

Италијанската полиција упати протест до Министерството за внатрешни работи поради набавката на розови заштитни маски, кои полицајците треба да ги носат на должност, со тврдење дека бојата им го нарушува угледот.

Фото: Пиксабеј

Не ја разбираме причината за набавката на маски во боја што и на прв поглед би била несоодветна за нашата администрација“, наведуваат од полицискиот синдикат во дописот до Министерството.

Полицијата оценува дека „оваа набавка е збунувачка“ и дека со оглед на тоа што здравствената криза трае две години, би требало лесно да се набават соодветни заштитни маски.

Во иднина маските да бидат само црни, бели или сини, бараат полицајците во писмото.

Од италијанското Министерство за внатрешни работи не се огласија по овој повод.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе