Италијанската мафија украла милиони евра од фондовите за емигрантите

Лажни хуманитарни организации поврзани со италијанската мафија Ендангета земале милиони евра од јавните фондови откако добиле тендери за прифаќање на емигрантите, објави италијанската финансиска полиција.

Гардија ди финанца објави дека се уапсени 11 луѓе. Едно лице останало во притвор, пет се во домашен притвор, а пет не смеат да го напуштат градот во кој живеат.

Меѓу 2014 и 2018 пет хуманитарни организации добиле договори за прифаќање на емигрантите во северните покраини Лоди, Парма и Павија вредни околу 7,5 милиони евра, објави полицијата.

Од таа сума осомничените, кои се обвинети за измама и перење пари, земале околу 4,5 милиони евра за „лични цели“, наведува Гарда ди финанца.

Мафијашите на Ендрагета ги искористиле хуманитарните организации за да извадат некои свои членови од затвор, за да ги регистрираат како вработени во тие организации.

Во Италија не е ретко на некои осуденици да им биде дозволено да ја служат казната надвор од затвор ако работата за заедницата или ако нивната работа на некој друг начин е општествено корисна.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини, кој сака да ја ограничи емиграцијата и долго време ги обвинуваше хуманитарните организации дека земаат пари од системот за прифаќање на емигрантите, ја поздрави акцијата на полицијата.

„Помалку (емигрантски) пристигнувања и помалку пари за (професионално) прифаќање на емигрантите: на тој начин штедиме пари, ја браниме Италија и вложуваме во вработување на повеќе полицајци. Забавата заврши“, порача Салвини на Твитер.

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе