Италијанска студија: Коронавирусот не се пренесува преку мајчиното млеко на новороденчето

Мајчиното млеко е безбедно дури и ако мајката е заразена со коронавирус. Коронавирусот не се пренесува на новороденчето преку доење, покажале резултатите од истражувањето спроведено од експерти на Одделот за неонатологија на Универзитетот во Торино и се објавени во понеделникот во стручното списание Фронтиерс ин педиатрикс.

„Микробиолошките анализи покажаа дека коронавирусот не се пренесува од мајка на бебе преку доење, што е многу важен наод“, рече професорот Дејвид Лембо, директор на универзитетската лабораторија за молекуларна вирологија на Одделот за клинички и биолошки науки, кој го водел истражувањето.

Мајките позитивни на ковид-19 се придржувале до сите здравствени мерки - користеле маски за лице, одржувале хигиена на рацете и редовно ги дезинфицирале предметите што ги користеле. Ниту едно бебе не заболело од ковид-19.

„Резултатите се охрабрувачки и за мајките и за здравствените работници кои се грижат за здравјето на мајките и децата“, рече професорот Лембо.

Истражувањето оди во прилог на неодамнешните препораки на СЗО со кои, дури и со досега ограничените информации, доењето се препорачува дури и за мајки позитивни на ковид-19 земајќи ги предвид сите придобивки од доењето врз имунолошкиот систем на детето, изјави Енрико Бертино координатор на истражувањето и директор на универзитетската болница за неонатологија во Торино, Света Ана.

Професорот Лембо посочи дека на Универзитетот во Торино со години се истражува антивирусното дејство на мајчиното млеко, додавајќи дека се откриени и некои од неговите нови активни состојки кои можат да го заштитат новороденчето од вирусни инфекции.

„Од оваа причина, освен во посебни случаи, доењето е важен извор за здравјето на новороденчето и е исклучително важно за зајакнување на имунитетот на бебето“, заклучи Лембо.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе