Италијанска РАИ добила интервју со Асад, не знае дали да го објави

Италијанската државна телевизија РАИ се најде во незгодна ситуација – добила ексклузивно интервју со сирискиот претседател Башар ал Асад, но не е сигурна дали сака да го емитува.

Моника Маџони, поранешна дописничка од Блискиот Исток и шефица на РАИ, го добила интервјуто, но ниедна програма на вести или станица на РАИ засега не се согласила да го емитува.

„Ниедна програма на РАИ не го нарачала интервјуто. Затоа не можеше да биде однапред договорен датумот на емитувањето“, изјави генералниот директор на РАИ Фабрицио Салини.

Според информацијата од кабинетот на сирискиот претседател која на Фејсбук ја објави порталот Сиријана аналисис, Маџони се сретнала со Асад на 26 ноември.

Интервјуто требало да биде истовремено емитувано на РАИ њуз 24 и на сириските национални медиуми на 2 декември, но Италијанците веќе неколку пати барале одложување, се наведува.

РАИ не понудиле нов термин, се навеудва во изјавата на Сиријците, а за „емитување на интервјуто нема никакво објаснување, што може да значи дека нема ни да биде објавено“.

Во изјавата се истакнува дека ова е „уште еден пример за обидите на Западот да ја скрие вистината за ситуацијата во Сирија“ и дека сириските медиуми ќе го објават интервјуто доколку РАИ продолжи да го одложува.

Портпаролката на РАИ кажа дека италијанската телевизија сѐ уште разгледува што да прави со интервјуто. Синдикатот на новинари на РАИ побара од државната италијанска телевизија под итно да го разјасни „срамниот скандал“.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе