Италијанците предупредуваат дека битката против вирусот сѐ уште не е добиена

Италијанците треба да се подготват за долга битка против коронавирусот, изјави висок здравствен функционер, повикувајќи на трпение за мерките на социјално дистанцирање.

„Воздржете се од помислата дека е време нешто да се смени или дека е време да се однесувате нормално“, изјави комесарот на владиниот здравствен сектор Доменико Аркури на конференција за медиумите.

„Продолжете да го правите истото што и досега. Бидете свесни дека ќе излеземе од оваа трагедија ако секој од нас го одработи својот дел“, додаде тој.

Италија од 10 март се наоѓа под национален карантин, но почнаа да се јавуваат знац на заситување од мерките на ограничување, особено во јужните региони кои се помалку погодени од заразата.

Во денешните весници доминираа наслови и фотографии од луѓе кои ја кршат домашната изолација и молби до властите за заострување на полициските проверки.

„Нашата борба против коронавирусот продолжува со полн замав, но треба да го избегнуваме размислувањето дека сме почнале да победуваме, дека својот непријател сме го турнале во ќош и дека ќе победиме“, додаде Аркури.

Епидемијата во Италија успри, но не сопре. Вкупниот број на заразени неделава растеше со стабилен процент од 4 до 4,5, додека на почетокот на март беше 20 отсто.

Во петокот беа забележани околу 4.500 нови случаи, додека вкупниот број на заразените е нешто под 120.000, со 766 нови смртни случаи. Бројот на умрените порасна на 14.681, што е најголема смртност во светот.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе