Италијанците го скастрија бројот на пратеници

На референдумот за уставни промени Италијанците гласаа за намалување на бројот на пратениците во националниот парламент за третина.

EPA-EFE

Беа одржани и регионални избори, но со строго почитување на епидемиолошките мерки во борбата против коронавирусот.

Според соопштението на италијанското министерство за внатрешни работи, врз основа на 95 отсто преброени гласови, за намалување на бројот на пратениците гласале 69 отсто од Италијанците.

Според предлогот кој помина во парламентот, но не со двотретинско мнозинство, потребно за да може да помине без референдум, се намалува бројот на пратениците во долниот дом – од 630 на 400, а во Сенатот од 315 на 200.

Италијанскиот весник Кориере дела сера пишува дека во иднина на 151.000 илјада жители ќе има еден пратеник, наспроти досегашниот еден пратеник на 96.000. еден сенатор ќе биде на 302.000 жители, а сега е еден на 188.000.

Излезноста на референдумот одржан на 20 и 21 септември била 53 отсто.

Иаако референдумот за намалување на бројот на пратениците ја имаше поддршката од сите партии, владејачкото Движење на пет ѕвезди ја презема заслугата за победата, сметајќи дека гласачите одговориле на неговиот прореформски став против естаблишментот.

„Намалувањето за 345 парламентарци, со сите нивни привилегии, покажува како политичарите одговараат на барањата на граѓаните“, кажа министерот за надворешни работи на Италија и лидер на Движењето на пет ѕвезди Луиџи ди Мајо.

Предлогот за намалување на бројот на пратениците беше вклучен во договорот на партијата од десницата Лига и антиестаблишментското Движење на пет ѕвезди од 2018, кога беше формирана првата влада која ја водеше премиерот Џузепе Конте. Предлогот беше потврден кога истите две партии ја формираа втората влада на Конте.

Слично се обиде и поранешниот премиер Матео Ренци во 2016, но тогаш преовлада ставот бројот на пратениците да не се намалува и Ренци тогаш поднесе оставка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе