Бројот на нови случаи на зараза опаѓа

Италија воведува мерки кои ќе важат до крајот на годината

Италија, која најави дека вонредната состојба ќе биде продолжена до крајот на годината, разгледува мерки кои ќе бидат на сила до 31 декември.

EPA-EFE

Станува збор за мерки како забрана за собирање, користење маска и држење безбедна дистанца меѓу луѓето.

Вонредната состојба воведена на 31 јануари ќе биде на сила до 31 јуни, а премиерот н Италија Џузепе Конте ја најави можноста да биде продолжена до крајот на годината, за што парламентот ќе одлучува во вторник.

Италијанските власти размислуваат за нови мерки со цел спречување на ширењето на коронавирусот, јакнење на контролата на јавните места како плажите за да се избегнат собирања на луѓе, а можеби ќе ја продолжи и забраната за влез на територијата на Италија од земјите кои се сметаат за високоризични.

Италија забрани пристигнувања од 13 земји, меѓу кои се Босна и Херцеговина и Македонија.

Иако бројот на нови случаи опаѓа, здравствените експерти се загрижени поради сѐ поголемиот број на случаи на заразени надвор од границите на земјата.

„Околу 220.000 заразени низ светот во само еден ден. Никогаш порано не сме имале толкав пораст за само 24 часа. Тоа ни кажува дека вирусот сѐ уште не е победен и дека сите треба да внимаваме“, изјави министерот за здравство на Италија Роберто Сперанца.

Тој во вторник ќе ги претстави мерките, а како што е најавено, на сила ќе остане обврската за користење маска во затворените простории  кога не е возможно да се држи безбедна физичка дистанца, но не и употреба на ракавиците кои „можат да претставуваат ризик ако неправилно се користат“.

Во многу објекти и понатаму на луѓето ќе им биде мерена температурата, дезинфекцијата на просторот е исто така задолжителна, како и гелот за дезинфекција на раце на влезот.

Италија е првата европска земја која на почетокот на март воведе строги мерки на карантин на целата територија, а од блокадата излезе со постепено попуштање на мерките по околу три месеци.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе