Отруена на почетокот на месецот

Италија води истрага за смртта на девојка која сведочела за „бунга бунга“ забавите на Берлускони

Италијанските обвинители отворија истрага за смртта на мароканската манекенка која сведочеше во една од истрагите поврзани со „бунга бунга“ забавите на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Иман Фадил, 34-годишна манекенка, умре на 1 март во болница во Милано каде беше на лекување од 29 јануари поради симптоми на труење, соопшти миланскиот обвинител Франческо Греко, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Фадил во 2012 им кажа на новинарите дека стравува за својата безбедност по изјавата за обвинителите кои ги испрашувале можните влијанија врз сведоците и можноста да ѝ биле понудени пари во замена за молчење за тоа што се случувало на тие забави.

Берлускони највисокиот италијански суд во 2015 го ослободи од обвинувањата дека платил за секс со малолетничка.

Греко изрази жалење за тоа што болницата Хуманитас не ги пријавила жалбите на манекенката Иман или симптомите кои личеле на труење додека била на лекување, пренесува АНСА. Тој кажа дека обвинителите биле известени за нејзината смрт дури кога ја пријавил адвокатот на манекенката.

Болницата во свое соопштение наведе дека ги приложила резултатите од токсиколошките анализи на обвинителите кога биле завршени на 6 март. Италијанската агенција наведува, повикувајќи се на неименувани функционери, дека тестовите укажале на „мешавина на радиоактивни супстанци“. Се чекаат резултатите од обдукцијата.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе