Првпат во историјата

Италија: Регионалниот совет ги одби мерките против климатските промени, па се поплави (ФОТО)

Регионалниот совет на италијанската област Венето, која ги опфаќа Венеција, Верона и околината, во вторникот беше поплавен првпат во историјата, и тоа баш откако ова тело ги одби предложените мерки за борба против климатските промени.

Венеција минатата седмица ја погодија најголемите поплави во последниот половина век.

„Иронично, салата беше поплавена по две минути откако мнозинството – Лига, Браќа на Италија и Форца Италија – ги одби нашите амандмани за борба против климатските промени“, објави на Фејсбук Андреа Занони од  Демократската партија, заменик-претседавач во Комитетот за прашања за заштита на средината.   

Меѓу амандманите се наоѓаа мерки за финансирање извори на обновлива енергија, замена на дизел-автобусите со „поефикасни и помалку загадувачки“, мерки за укинување на загадувачките печки и мерки што ќе го намалат загадувањето со пластичен отпад.

Занони го обвини регионалниот претседател Лука Заја, член на десничарската Лига на Матео Салвини, дека претставил буџет „без конкретни мерки за борба против климатските промени“.

Портпаролот на Советот потврди за Си-ен-ен дека просториите се поплавени по расправите за амандманите во врска со буџетот за 2020 година, но не прецизираше за кои. 

Претседателот на Советот, Роберто Чамбети од Лигата, во изјавата за Си-ен-ен ги отфрли обвинувањата на Занони.

„Ние гласаме за регионалниот буџет, кој во минатите три години потроши 965 милиони евра за борбата против загадувањето на воздухот, смогот, што е пресуден фактор во климатските промени. Да се каже дека не правиме ништо во врска со ова прашање е лага“, рече Чамбети.

Тој додаде дека Венето е регион што по поплавата во 2010 година го почна планот за заштита на хидрогеолошката безбедност во вредност од 2,6 милијарди евра, што е исклучително висок износ за регионален буџет.

Чамбети на профилот на Фејсбук објави видеозаписи од поплавата во палатата Феро Фини.

„Вакво нешто никогаш не се има случено. Преградите отпорни на поплава не беа доволни за да го совладаат поплавниот бран, ниту беше можно да се напушти зградата... Мислевме дека сме доволно заштитени и безбедни и затоа никој не го напушташе состанокот на Советот“, кажа Чамбети во изјавата за весникот Џорнале ди Виченца.

Инаку, состаноците на Регионалниот совет поради поплавата се преселени во Тревизо, се наведува на сајтот на Советот. 

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе