Дизајнерката на паричката, Клаудија Момони, вели дека ѝ било важно да им се заблагодари, имајќи предвид колку тие во континуитет работат за здравјето на граѓаните.
„Министерството одлучи да издаде специјална паричка за да им се заблагодари на сите здравствени работници што толку напорно работеа и работат за нашето здравје и за нас. Затоа оваа паричка ми е толку драга“, изјави Момони за Ројтерс.
На монетата од две евра се наоѓаат двајца работници што носат маски со натпис „Благодарам“ над нив.
Три милиони такви монети ќе бидат дистрибуирани во мај или јуни, а неколку илјади оригинални копии може да се купат како колекционерски предмети.