ДА ГИ ИСПРАТИ НА СЕВЕР

Италија планира „нуклеарна опција“: на 200.000 мигранти да им даде визи слободно да шетаат низ ЕУ

Високи италијански функционери се заканија дека ќе им дозволат на 200.000 мигранти што стигнале на нејзините брегови да отпатуваат кон остатокот од Европа, искористувајќи една малку позната бриселска директива, додека се мачи да се справи со огромниот прилив од северна Африка, вели британски Тајмс

Еден министер и еден сенатор планираат да им издадат на мигрантите привремени визи, што се опишува како „нуклеарна опција“ за решавање на мигрантската криза во Италија.

Премиерот Паоло Џентилони е огорчен што остатокот од Европа одбива да го прими својот дел од мигрантите и што ги затвори своите пристаништа за мигрантските бродови, додека бројот на луѓето што се обидуваат да избегаат од Либија во Европа секојдневно се зголемува.

Заменик-министерот за надворешни работи Марио Џиро за Тајмс потврди дека ја разгледуваат можноста за издавање визи за привремен престој на мигрантите, како и дека за таа опција веќе разговарала владејачката партија.

Како што потврди Џиро, Италија планира да ја искористи Директивата 2001/55, донесена од Советот на Европа по инцидентите на Балканот. Тоа е директива што овозможува издавање визи за привремен престој на мигрантите да патуваат низ Европа.

Од друга страна, Луиџи Манцони, сенатор од владејачката партија, за Тајмс рече: „Овозможувањето на имигрантите да патуваат слободно низ Европа откако ќе пристигнат во Италија би им создало голем проблем на нашите соседи во ЕУ, но се надевам дека тоа ќе ја принуди Франција конечно и самата да се соочи со проблемот на мигрантската криза“.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе