Италија ни по 40 години не ја знае правата вистина за нападот во Болоња (ВИДЕО)

Италија денес ја одбележува 40-годишнината од атентатот во Болоња, во кој во 1980 беа убиени 85 луѓе, а ранети биле повеќе од 200, барајќи „вистина и правда“ за настанот чии нарачатели до ден денес се непознати.

EPA-EFE

Бомбата која експлодираше на 2 август 1980 во чекалницата на железничката станица во Болоња уби 85 лица, а рани над 200. Станува збор за најкрвавиот напад извршен во Италија за време на Оловните години.

„Нам ни е потребна вистината. Без вистината оваа земја нема иднина. Да се бара вистината значи да се бара правдата“, кажа на местото на крвавиот настан Елизабета Каселати, претседателката на италијанскиот Сенат.

„Со семејствата на жртвите сме, со оние кои веруваат во државата, а нашите судови се обидуваат да допрат до вистината“, напиша на Твитер шефот на италијанската влада Џузепе Конте.

Две лица од терористичката група на крајната десница НАР (фашистичкото Оружено револуционерно јадро) беа осудени на казни доживотен затвор, а трето, тогаш малолетно, на 30 години затвор.

На останатите, меѓу кои и припадници на воената разузнавачка служба, поради попречување на правдата им биле досудени поблаги казни во траење од седум до десет години затвор.

Семејствата на жртвите и бројни Италијанци веруваат дека осудените терористи биле само извршители на злосторството, а оние кои го наредиле се сѐ уште непознати и неказнети.

Според Паоло Болоњези, претседателот на здружението на жртвите на болоњскиот напад, најновите резултати на истрагата „потврдуваат дека тој страшен напад го осмислиле припадници на масонската ложа П2 (Пропаганда Дуе), а го извшриле челнови на НАР кои ги заштитиле припадниците на масонската ложа П2. Се верува дека тие биле членови на тајните служби“.

„Целта на напаѓачите бил удар врз црвената Болоња“, смета Болоњези. Со масонската ложа П2 тогаш претседавал озлогласениот Личио Џели, кој умрел во декември 2015 на возраст од 96 години. Пописот на членовите на П2 пфаќа 962 имиња од политичките кругови, правосудството и од финансиските и воените кругови.

Името на Џели и ложата П2 се поврзани со речиси сите скандали кои се случиле во последните 30 години – од падот на банката Банко Амброзијано, чиј претседател Роберто Калви во 1982 беше најден обесен под Лондонскиот мост, па сѐ до информациите за постоењето на тајната антикомунистичка паравоена формација Гладио.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе