Италија најверојатно ќе ја продолжи вонредната состојба поради порастот на новозаразените

Италија најверојатно ќе ја продолжи вонредната состојба за да ја задржи под контрола кризата предизвикана од коронавирусот, рече висока италијанска претставничка, додека владата се обидува да избегне пораст на нови случаи на зараза, како што се погодени другите европски земји.

Вонредната состојба, која ќе истече во средината на октомври, овозможува поголеми овластувања и за регионалните власти и за централната влада, поради што на официјалните лица им е поедноставно да ја заобиколат бирократијата што го гуши процесот на донесување одлуки во Италија.

„Верувам дека владата ќе треба да побара дополнително продолжување“, рече заменик-министерката за здравство Сандра Зампа за државната телевизија РАИ. „Вонредната состојба ѝ дозволува на владата брзо да ја пресече црвената лента доколку тоа е потребно“.

Италија беше првата земја во Европа погодена од ковид-19 и има најголем број на смртни случаи на континентот, со 35.851 смртни случаи од почетокот на пандемијата во февруари.

Благодарение на еден од најстрогите карантини во светот, Италија успеа да ја стави инфекцијата под контрола до летото. Сепак, случаите се зголемија во текот на изминатиот месец и во просек се пријавуваат 1.694 нови дневни случаи во последните седум дена.

Ова е сè уште помалку отколку на други места во Европа, вклучително и Франција, која во просек пријавува по 10.199 нови случаи на ден и Шпанија, каде има 10.920 случаи.

На почетокот на оваа недела, Светската здравствена организација објави видео во кое го фали „силниот и ефективен одговор на Италија“ на пандемијата. И покрај олеснувањето на кризата, многу Италијанци сè уште се многу внимателни, на пример, носат маски надвор, иако тоа не е задолжително.

Научниците велат дека следните три недели ќе бидат клучни за да се измери присуството на вирусот и да се утврди дали Италија ќе биде поштедена од втор голем бран.

„Ако ги пребродиме следните три недели, веројатно ќе успееме“, рече Андреа Крисанти, професор по микробиологија на Универзитетот во Падова.

Почетната вонредна состојба беше продолжена до крајот на јули, и покрај тоа што опозициските партии протестираа и го обвинија премиерот Џузепе Конти дека се обидува да задржи премногу моќ во своите раце и дека го заобиколува парламентот.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе