Италија му пркоси на Брисел: Одби да го намали буџетот

Италија ѝ порача на Европската комисија (ЕК) дека под нејзин притисок нема да го намали својот експанзивен државен буџет за 2019 година, со што му пркоси Брисел кој на крај би можел да ја казни со финансиски санкции.

Еден ден откако Европската комисија го отфрли предлогот на италијанскиот буџет за 2019 година и отвори пат за отворање постапка против Рим поради прекумерен јавен долг, популистичката влада порача дека нема да попушти.

„Нема да направиме чекор назад“, рече вицепремиерот Матео Салвини и објасни: „Ние не ги трошиме парите без врска. Идејата (за буџетот) е да го поттикнеме растот на Италија“, пренесе Ројтерс.

Салвини, лидерот на Лига, крајно десничарската партија која во јуни состави влада со популистичкото движење Пет ѕвезди (М5С), и тоа подеднакво е решено да го брани предложениот буџет за експанзија.

„Ги исклучувам мерките за намалување на потрошувачката пред изборот за Европскиот парламент (во мај)“, рече во четвртокот претседателот на М5С, Луиџи Ди Мајо.

Рим тврди дека предложениот буџет, всушност, ќе го поттикне економскиот раст и ќе го намали јавниот долг од 2,3 милијарди евра. Се проценува дека јавниот долг на Италија во следните две години ќе изнесува околу 131 отсто од БДП.

Комисијата тврди дека Италија мора да го растерети буџетот во согласност со регулативите на еврозоната во која италијанскиот долг е втор по големина после Грција.

Инвеститорите се загрижени поради конфликтот помеѓу Рим и Брисел кој го обвинува Рим дека ги крши строгите фискални правила што Брисел ги воведе по должничката криза за заштита на еврозоната. Конфликтот веќе ги зголеми трошоците на италијанското задолжување, но во четвртокот по започнувањето на постапката за прекумерен дефицит приносите на обврзниците паднале. Ројтерс пишува дека ова покажува дека инвеститорите бираат помирување, а не конфликти.

Ди Мајо смета дека има простор за дијалог со ЕК, а комесарот на ЕК за економија Пјер Московичи смета дека ќе се постигне договор.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте, кој во сабота треба да се состане со претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер во Брисел, рече дека Рим нема да попушти, туку ќе ги брани своите фискални интереси.

Конте сепак ги повика двете страни да ја ублажат реториката и на тој начин да ја зголемат довербата на инвеститорите.

Ако спорот не биде решен, Брисел на крај би можел да ѝ воведе на Италија финансиски санкции во износ од 0,2 отсто од БДП, што е околу 3,4 милијарди евра.

Просечно секој италијанец должи околу 37.000 евра, а сервисирањето на тој долг секој жител го чини илјада евра годишно.

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе