петок, 26 април 2024

САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испорака на хуманитарна помош

САД почнаа да градат пристаниште во Газа, соопшти денеска Пентагон, проект кој треба да ја олесни испораката на хуманитарна помош на палестинската територија. Пристаништето треба да профункционира на почетокот на мај.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во март, претседателот Џо Бајден објави дека американската војска ќе изгради привремено пристаниште на медитеранскиот брег на Газа за прием на хуманитарна помош по морски пат.

Изградбата е дел од напорите да се спречи глад во палестинската енклава, која веќе пет месеци се наоѓа среде израелска воена кампања против Хамас, која го опустоши малиот Појас Газа и ги турна нејзините 2,3 милиони луѓе во хуманитарна катастрофа.

„Можам да потврдам дека американските воени бродови, вклучително и УСНС Бенавидез, почнаа да градат привремено пристаниште…“ изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

ОН предупредија дека Газа е во опасност од глад и се пожалија на „огромните пречки“ при добивањето помош и нејзиното дистрибуирање низ енклавата.

Хуманитарни агенции и Бајденовата администрацијата го молеа Израел да ја олесни испораката на помош во Газа и да им дозволи на нивните конвои безбедно поминување на територијата.

Рајдер рече дека Пентагон следи некој вид минофрлачки напад во Газа што предизвика минимална штета во близина на областа каде што се гради пристаништето, но додаде дека американските сили сè уште не почнале да преместуваат ништо во областа и дека нема американски сили на терен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ