Италија им се враќа на рекордите од март: 822 лица починаа од ковид-19 за еден ден

Во Италија во четвртокот беа потврдени 822 смртни случаи поврзани со коронавирусот, со што дневниот број на смртни случаи достигна близу нивото од крајот на март, кога земјата беше епицентар на пандемијата во Европа, пренесува Анадолија.

Фото: ЕПА

Според последните податоци на италијанското Министерство за здравство, во изминатите 24 часа биле регистрирани 29.003 нови случаи на ковид-19, што е за 12 проценти повеќе од претходниот ден. Така, вкупниот број на случаи од почетокот на пандемијата достигна 1.509.875.

Бројот на смртни случаи од заразата со коронавирусот се искачи на 52.850, што е втор по големина во Европа, по Велика Британија, и шести во светот.

Откако се бореше да го скроти вториот бран на пандемијата, италијанската влада сега размислува за нови мерки за божиќниот период, во обид да им овозможи на луѓето да го прослават празникот со роднини без ризик од ново ширење на коронавирусот.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте веќе објави дека скијачките патеки ќе останат затворени за време на Божиќ и ги повика соседните земји да го сторат истото со цел да дејствуваат на координиран начин и да избегнат ново ширење на коронавирусот.

Владата се очекува да одобри нова регулатива во почетокот на декември, со што ќе се олеснат ограничувачките мерки поврзани со трговијата и другите деловни активности.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе