Италија ги забранува фашистичките и нацистичките симболи, казната е затвор

Претставничкиот дом на италијанскиот парламент вчера доцна вечерта го усвои законот со кој се забранува јавно прикажување фашистички и нацистички симболи, по низата инциденти во земјата.

Законот предвидува затворска казна од шест месеци до три години за фашистички или нацистички поздрави и салутирања, продавање фашистички и нацистички сувенири и ширење таква пропаганда по интернет.

За да стапи на сила треба уште да го потврди Сенатот.

Законот во долниот дом на италијанскиот парламент е усвоен по низата инциденти низ земјата. Во една слаткарница во јужна Италија се појави Хитлеров колач и се рекламираше во излогот, додека неофашистичката партија Форца нуова се подготвува за прослава на 95-годишнината на Маршот на Рим на фашистите на Мусолини.

Автор на законот е Емануеле Фијано, пратеник на владејачката Демократска партија, кој смета дека Италија, по примерот на Германија, треба построго да се постави кон порастот на фашистичката и нацистичката носталгија.

Фијано во интервју за италијански медиуми кажа дека постоела италијанска фејсбук страница, во меѓувреме изгасена, на која биле објавувани антисемитските говори на нацистичкиот министер за пропаганда Јозеф Гебелс, а имала 45.000 следбеници.

Десната опозиција, вклучувајќи ја и партијата Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони, се противи на законот со објаснување дека е закана за слободата на говорот. Популистичкото движење Пет ѕвезди е исто така против, тврдејќи дека е подобро да се предложат построги закони против говорот на омраза.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе