Италија ги отвори училиштата по најдолгите мерки во Европа: „Ќе има проблеми“

По шест месеци рестриктивни мерки, најдолгите во Европа, Италија во понеделникот ги отвори повеќето училишта, тестирајќи ги владините организациски вештини, трпеливоста на наставниците и самоконтролата на возбудените ученици.

Фото: ЕПА

Училиштата во тринаесет од 20 италијански региони претпазливо продолжија со настава во училниците, повикувајќи 5,6 милиони ученици на училиште. Останатите седум региони одлучија да го одложат почетокот на учебната година за една недела.

„Голема е возбудата кај дел од нас наставниците и меѓу учениците. Среќни сме што повторно се гледаме, но исто така е предизвик да не се доближуваме едни со други“, рече Патриција Зукета, наставничка во основно училиште во Рим.

Владата во почетокот на март ги затвори училиштата за да го запре ширењето на коронавирусот. Обидите училниците да се направат побезбедни беа придружени со контроверзии.

„Ќе има проблеми во почетокот“, призна италијанскиот премиер Џузепе Конте во неделата за почетокот на учебната година.

Голем дел од 2,4 милиони единечни клупи, за кои се претпоставува дека обезбедуваат физичко растојание, не пристигнаа на време, предупредија синдикатите, а илјадници учителски работни места сè уште не се пополнети. Постарите вработени, од друга страна, се загрижени за ризикот од инфекција.

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) објави дека 59 проценти од италијанските наставници и професори се над 50 години, што е највисоко во западниот свет.

Во Италија од ковид-19 досега починаа 35,5 илјади луѓе, најмногу во Европската Унија, а бројот на новите случаи во последните неколку недели расте.

„Ги следиме безбедносните протоколи, но постои страв, а пред сè неизвесност, за тоа како ќе изгледа оваа година. Многу наставници се мошне загрижени“, рече Алесандро Капата, заменик-директор на средното училиште „Авогадро“ во Рим.

Родителите исто така се загрижени. Училиштата велат дека децата и со најмали симптоми на настинка или грип мора да останат дома. Учениците постари од шест години мора да носат маски надвор од училницата и да избегнуваат физички контакт.

„Им објаснив на моите деца дека мора да избегнуваат контакт, бакнежи и прегратки, но не сакам да живеат во терор, затоа што не мислам дека треба“, рече Клаудија Константини, мајка на две деца од основно училиште.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе