Италија

Емотивен момент кога момче од Албанија од ИСИС се врати кај своето семејство (ВИДЕО)

Момче од Албанија кого мајка му пред пет години го одвела во Сирија, каде се придружила на ИСИС, вчера беше одведено во Италија и се сретна со својот татко Африм Бериша и сестрите, пренесуваат агенциите.

Бериша својот син Алвин го барал од 2014, кога неговата сопруга, која се придружила на терористичката Исламска држава, го напуштила остатокот од семејството и со момчето заминала за Сирија.

11-годишниот Алвин бил најден претходно годинава во камп за бегалци во Ал Хол, на североистокот на Сирија, а е под контрола на Курдите. Во кампот по падот на самопрогласениот калифат беа доведени членовите на семејствата на борците на ИСИС, а меѓу нив бил и малиот Алвин. Мајката на момчето умрела пред неговите очи за време на борбите.

Африм заминал во кампот за да го најде Алвин и тие се сретнале. Но од бирократски причини властите на кампот не му дозволиле да го поведе својот син во Италија.

На средината на минатиот месец, откако на телевизија беше прикажана нивната средба во кампот, Меѓународниот црвен крст, Црвената полумесечина и италијанските и албанските власти со заеднички напори се трудеа да го доведат Алвин дома. Алвин вчера пристигна во Италија, каде на аеродромот го дочекаа таткото и сестрите, а нивното конечно обединување го снимија камерите.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе