Италија е на пат кон крах на владата и криза со непредвидлив расплет

Популистичката коалиција што е на власт во Италија 14 месеци се чини дека денес би можела конечно да падне од власта по повеќемесечните конфликти и застои, отворајќи пат за „непредвидлив“ исход.

Премиерот Џузепе Конте треба да се обрати во Сенатот во 15 часот, две недели откако неговиот заменик Матео Салвини неочекувано даде до знаење дека сака да ја урне владата.

Конте, како што се очекува, ќе ја брани својата влада и ќе му возврати на Салвини и тогаш или ќе се соочи со гласање за доверба или ќе му поднесе оставка на претседателот Серџо Матарела.

Според мислењето на аналитичарот на банката Барклис, Фабио Фоис, „тој чекор официјално ќе ја почне една од најнепредвидливите кризи во модерната италијанска историја“.

Првичната идеја на Салвини беа предвремени избори. Како лидер на екстремно десната Лига, која води во анкетите, можеше да очекува победа на изборите и премиерската функција.

Со Салвини, обожавател на авторитарните владетели како рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан, поранешниот заговорник за излегување од ЕУ, Италија би продолжила да врти десно.

Против ваквите очекувања, Движењето на петте ѕвезди (М%С) и Демократската партија (ПД) одбија да расправаат за гласање на доверба па сега нивните политичари отворено зборуваат за формирање коалиција меѓу себе за да го маргинализираат Салвини.

Гневен, Матео Салвини во неделата вечерта ги повика поддржувачите да протестираат против таквата можност.

„Мирно ќе излеземе на улица“, предупреди тој, истакнувајќи дека М5С и ПД на чие чело е поранешниот италијански премиер Матео Ренци ќе можат да состават коалиција само преку него мртов.

Кога Конте ќе поднесе оставка, се очекува Матарела да одржи консултации со лидерите на политичките партии за да се види дали може да се формира алтернативна влада или предвремени избори се единственото решение на актуелната криза.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе