Италија драстично ги заостри казните за оние што го прекршуваат карантинот

Италија ги заостри казните за оние што го кршат карантинот во таа земја среде пандемијата на коронавирусот. И покрај мерката карантин, има многумина кои не се придржуваат до таа одредба.

Така оние што се позитивни на коронавирусот, а не останат во изолација, се во опасност да завршат до пет години во затвор. Казните за непочитувањето на карантинот се кренаа и за оние кои не се заразени па сега изнесуваат дури три илјади евра. Претходната казна беше 400 евра.

Компаниите кои ќе ги прекршат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот можат да бидат затворени од пет д 30 дена. Владата потоа утврди дека казните секој месец за време на пандемијата повторно ќе се ревидираат и може да се менуваат.

Италија е најтешко погодената земја од коронавирусот. 69.176 луѓе се заразени, 6.820 починаа, а 8326 оздравеа.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе