Италија денес воведе една од најстрогите мерки во светот

Италијанската влада усвои денес една од најстрогите ковид-мерки во светот, обврзувајќи ги сите работници од јавниот и приватниот сектор да имаат потврда за вакцинираност, негативен тест за коронавирусот или потврда дека неодамна оздравеле од инфекцијата.

EPA-EFE

Одлуката е донесена на седница на владата и треба да стапи на сила на 15 октомври.

Целта на овој потег е да се уверат луѓето да се вакцинираат и да ја намалат заразата во една од најпогодените земји од пандемијата на коронавирусот.

Работникот кој нема да покаже валиден здравствен сертификат ќе биде суспендиран без плата, но не може да добие отказ. Оние кои ќе го игнорираат указот и доаѓаат на работа без ковид-потврда, ќе добијат казна од 600 до 1.500 евра, јавува Ројтерс, кој имал увид во нацрт-мерката.

Иако некои земји од ЕУ им наредија на здравствените работници дека мора да се вакцинираат, ниедна пред Италија не одреди дека ковид-сертификатот е задолжителен за сите работници.

Идејата за ковид-потврда иницијално се однесуваше на патувањата, но Италија многу брзо почна да ја применува за места како музеите, салите за вежбање и внатрешните делови на рестораните.

Иако во последните недели имаше протести против тие мерки, повеќето политички партии, како и главните здруженија на продавачи, ги поддржаа во надеж дека нема да има понатамошни затворања на стопанството.

Лидерите на синдикатите се помалку склони на новите рестрикции и сметаат дека оние кои не сакаат да се вакцинираат мора да добијат бесплатни тестирања за да одат на работа.

Италија, по Британија, има најмногу починати во Европа кои биле позитивни на коронавирусот, повеќе од 130.000 од почетокот на пандемијата.

Околу 73 отсто од 60 милиони жители примиле барем една доза, а 68 отсто се целосно вакцинирани.

Противниците на ковид-пропусницата тврдат дека со тој документ како задолжителен се газат слободите на граѓаните и прикриено се сака да се воведе присилно вакцинирање. Неколку европски земји ја користат здравствената потврда за рекреативни активности и патувања, но ниедна не ја прогласи за задолжителна за сите работници во јавниот или приватниот сектор.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе