Италегзит! Италијански сенатор основа движење за излез на Италија од Европската унија

Познатиот италијански сенатор Џанлуиџи Парагоне има намера да основа политичко движење со мисија да ја извади Италија од Европската унија, обидувајќи се да капитализира на анти-бриселскиот сентимент додека земјата се обидува да ја оживее економијата тешко погодена од коронавирусот, јави Ројтерс.

EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Џанлуиџи Парагоне, поранешен ТВ-новинар, се состанал со креаторот на брегзит Најџел Фараж во Лондон во понеделникот, пред да го најави формалното основање на неговата партија италегзит оваа недела.

„Повеќе не можат да не уценуваат земји кои го навредуваат големиот престиж на Италија“, рече Парагоне, додавајќи дека само „суверена држава“, како Велика Британија, може да се справи со економската криза предизвикана од пандемијата.

Останува да се види дали движењето на Парагоне може да заплива на антиевропското чувство кое стана популарно меѓу Италијанците во последниве години, но на кое му недостасува очигледна политичка рамка, пишува Ројтерс.

Парагоне го напушти Движењето Пет ѕвезди набргу откако формираше влада со проевропската Демократска партија (ПД) минатата година, заржувајќи критички став кон бриселските институции.

Дури и десничарската лига на Матео Салвини, до неодамна главното прибежиште на евроскептиците, го ублажи својот став против Брисел и еврото за да постигне респектабилност.

Времето на основањето на Парагоновото движење е дискутабилно, со оглед на тоа дека доаѓа откако ЕУ во вторникот изгласа економски фонд за обнова вреден 750 милијарди евра, за кој поддржувачите на унијата велат дека покажува обновена кохезија и визија.

Премиерот Џузепе Конте претходно во вторникот изјави дека 28 проценти од средствата на фондот ќе бидат наменети за Италија во комбинација со субвенции и заеми што можат да го променат „лицето на земјата“.

„Другите сакаат да ја променат Европа, ние сакаме да ја напуштиме“, рече Парагоне откако е изгласан буџетот.

Проблемот на Европската унија доминира во италијанската политика во последните години, а евроскептиците ја обвинуваат ЕУ за хроничната економска стагнација на земјата и потешкотиите во справувањето со африканските мигранти.

Анкета на Евробарометар од 1998 година покажа дека 68 проценти од Италијанците го поддржуваат членството во ЕУ, додека во 2002 година, по воведувањето на еврото, Италија била втора по ред меѓу нациите кои ја поддржуваат ЕУ, по Луксембург, а позитивно мислење за унијата имале 79 проценти од населението.

Според анкетите на СВГ кон крајот на мај годинава, се покажало дека само 39 проценти од Италијанците имаат доверба во Европската унија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе