Истражување: За повеќето Американци Кина е непријател

Истражување спроведено од американска агенција покажа дека Американците имаат негативно мислење за Кина, а повеќето анкетирани ја сметаат Кина за непријател или конкурент.

EPA-EFE

Резултатите од истражувањето кои денес ги објави Истражувачкиот центар Пју покажуваат дека 9 од 10 американски државјани ја гледаат Кина како закана за САД.

Процентот на оние кои сметаат дека ограничувањето на кинеската моќ е главниот приоритет на Соединетите Американски Држави во последните три години се зголемил за три отсто.

Освен тоа, 72 отсто од оние кои се изјаснуваат како републиканците и 37 отсто од оние кои кажале дека се демократи, сметаат дека заземањето тврд став кон Кина е поважно од воспоставувањето силни економски односи со Пекинг.

Анкетираните главно се осврнале на наводните кршења на човековите права кои Кина ги извршила во Хонг Конг и ујгурската автономна област Синџијанг.

Утврдено е и дека анкетираните имаат помалку доверба во американскиот претседател Џо Бајден во односите со Кина, во споредба со другите надворешнополитички прашања.

Во истражувањето, спроведено од 1 до 7 февруари, биле вклучени 2.596 анкетирани.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе