Истражување во Британија: Оние кои ја преболеле короната намерно ќе бидат изложени на нова инфекција

Британски научници започнаа тестирања во кои поранешни ковид пациенти намерно ќе бидат повторно изложени на коронавирус за така да го тестираат нивниот имунолошки одговор и да утврдат дали волонтерите повторно ќе се заразат.

Фото: ЕПА

Во февруари, Велика Британија стана првата држава во светот што даде зелено светло за спроведување на таканаречениот „Човечки предизвик“, во кој волонтери намерно се изложуваат на коронавирусот за да се унапреди истражувањето. „Човечки предизвик“ е име за контролирано испитување на инфекција кај луѓе и е еден вид клиничко испитување на вакцина или друг лек што вклучува намерно изложување на испитаникот на болеста што се истражува.

Студијата започната денес се разликува од онаа во февруари бидејќи има за цел да утврди дали луѓето кои го преболеле коронавирусот ќе бидат повторно заразени, сè со цел да се продлабочи знаењето за имунитетот. Научниците веруваат дека е поефикасно да се изложат поранешни пациенти на вирусот отколку со него намерно да се заразат лица кои не го преболеле.

„Податоците што ќе ги добиеме од ова истражување ќе ни овозможат да развиеме поквалитетна вакцини и поефикасни начини за лекување на оваа болест. Во исто време, ќе ни помогне да откриеме дали луѓето се заштитени откако преболеле ковид-19 и ако е така, за колку долго“, објасни имунологот Хелен Мекшејн, раководителка на истражувањето на Универзитетот во Оксфорд, пренесе Ројтерс

Таа додаде дека истражувањето ќе им помогне на научниците да разберат каков вид на имунолошки одговор штити од повторна инфекција со вирусот.

Научниците веќе со децении спроведуваат слични испитувања на луѓе за да дознаат повеќе за болести како маларија, грип, тифус и колера и да развијат подобрени вакцини и начини за лекување на овие болести.

Во првата фаза, на половина од волонтерите ќе им биде инјектирана најниска доза на коронавирус, потребна за вирусот да се реплицира. Научниците очекуваат дека постапката ќе резултира со благи симптоми или тие ќе бидат целосно отсутни.

Во втората фаза, која ќе започне на лето, други волонтери ќе се заразат со стандардна доза.

Во студијата учествуваат 64 здрави волонтери на возраст од 18 до 30 години, кои биле заразени пред најмалку три месеци и сега ќе бидат повторно инфицирани со оригиналниот вид на САРС-КоВ-2. Потоа најмалку 17 дена ќе поминат во карантин и под медицински надзор.

Сите оние кои ќе развијат симптоми ќе бидат третирани со моноклонални антитела на Регенерон.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе