Водачите на истражувањето објавено во петокот внимателно следеле 18 собири на Трамп меѓу јуни и септември и нивните посетители и до десет недели по собирот, пренесува агенцијата ДПА.
„Заедниците каде се одржаа собирите на Трамп платија висока цена во смисла на болест и смрт“, заклучија истражувачите.
Истражувањата покажаа дека стапката на ковид-19 често се зголемувала во заедниците кои биле домаќини на собири во споредба со блиските градови што Трамп не ги посетил.
„Постојат некои индикации дека почитувањето на здравствените упатства, како што е употребата на маски, се подобрило на подоцнежните митинзи“, напишаа истражувачите.
На собирите на Трамп, на посетителите им биле понудени маски и им била измерена температурата, но многумина не носеле маски.
Портпаролот на неговиот противкандидат Џо Бајден остро ги критикуваше Трамповите собири како места за „супер ширење“ на заразата каде што се прекршени сите здраворазумски здравствени правила.
На собирите на Бајден присуствувале многу помалку луѓе, сите носеле маски и држеле социјална дистанца.