Истражување: Русите не се плашат од коронавирусот, повеќе од 60 отсто не сакаат да се вакцинираат

Повеќето Руси не се плашат од ковид-19 и не планираат да се вакцинираат, покажа денес истражување на институтот Левада, илустрирајќи ги тешкотиите со кои се соочува стратегијата за вакцинирање на претседателот Владимир Путин.

EPA-EFE

Според анкетата спроведена во април, 62 отсто од анкетираните не се спремни да се вакцинираат со Спутник V, развиена од рускиот научен институт Гамалеја. Таа вакцина е јадрото на политиката на имунизација на населението.

Толкав процент на луѓе имаа отпор кон вакцинирањето и во февруари, но падна бројот на оние кои се спремни да се вакцинираат. Во февруари за вакцинирање беа 30 отсто, а во април се 20.

10 отсто кажале дека ја примиле вакцината.

Истовремено, 58 отсто од Русите не се плашат од зараза со новиот коронавирус, исто како во февруари, но многу повеќе од декември минатата година, кога 41 отсто кажаа дека немаат страв од ковид-19.

Кампањата на вакцинирање во Русија заостанува, иако беше првата земја во светот која одобри вакцина против ковид.

Русија го одобри Спутник V за користење уште во август 2020.

Досега две дози од вакцината примиле 10 милиони луѓе, а првата доза околу 14 милиони.

Со повеќе од 146 милиони жители, Русија досега разви четири вакцини, а наскоро на пазарот треба да се најде и „лесната“ верзија на Спутник V во една доза.

Статистичката агенција Ростат објави дека пандемијата досега однела околу 250.000 животи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе