Истражување: преминувањето на Кина кон електричен превоз ќе ја запре ерата на нафтата

Ненадејното преминување на електрични возила предводено од Кина ќе го намали растот на глобалната побарувачка на нафта за 70 проценти до 2030 година и ќе ѝ стави крај на ерата на нафтата, се вели во студијата на консултантската куќа Карбон тракер, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

За 10 години Кина би можела да заштеди над 80 милијарди американски долари за увоз на нафта годишно, благодарение на сè поконкурентните нови возила на енергија (НЕВ), објави Карбон тракер.

Пресметката се заснова на „конзервативното“ сценарио на Меѓународната агенција за енергетика (ИАЕ), кое предвидува дека електричните возила ќе учествуваат со 40% од вкупната продажба на кинески автомобили до 2030 година и 20% од продажбата во Индија и другите пазари во развој.

 

Намалување на стакленичките гасови

Трошоците за увоз на нафтата потребна за производство на гориво за еден просечен автомобил се десет пати повисоки од трошоците за набавка на соларната опрема потребна за производство на електрична енергија за напојување електрично возило, посочи Карбон тракер.

„Тоа е едноставен избор помеѓу сѐ поголемата зависност од скапа нафта произведена од странски картел и домашната електрична енергија од обновливи извори чии цени паѓаат со текот на времето“, рече главниот автор на извештајот, Кингсмил Бонд.

Електричните возила играат клучна улога во напорите на Кина да ги намали стакленичките гасови што ја менуваат климата и го подобруваат квалитетот на воздухот во градовите. И Индија постави амбициозни цели за продажба на вакви возила до 2030 година.

Кина сè уште нема утврдено кога точно ќе забранат производство и продажба на традиционални автомобили, но неименуван претставник на индустријата во октомври изјави дека новите електрични возила ќе учествуваат со половина од целата продажба на нови автомобили до 2035 година, додека остатокот ќе бидат хибридни возила.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе