Истражување: Поларните мечки ќе исчезнат до 2100 година

Поларните мечки ќе бидат истребени до крајот на векот доколку не се направи повеќе за борбата против климатските промени, предвидува ново истражување.

EPA-EFE

Научници тврдат дека некои популации веќе ја достигнале границата на преживување бидејќи арктичкиот морски мраз се намалува, пренесува Би-би-си.

Студиите покажуваат дека падот на морскиот мраз веројатно ќе го намали бројот на поларните мечки, но новата студија објавена во магазинот Нејч клајмат чејнџ открива и кога тоа би можело да се случи.

Со моделирање на употребата на енергија на поларните мечки, научниците можеле да ги пресметаат границите на издржливост на животните. Според сценариото на високи емисии на гасови со ефект на стаклена градина, веројатно сите популации на поларни мечки, освен неколку најсеверни, ќе исчезнат до 2100 година, покажало истражувањето. Дури и ако се постигнат умерените цели за намалување на емисиите, неколку популации ќе исчезнат.

Наодите се соодветни на претходните проекции дека поларните мечки веројатно ќе постојат до 2100 година само во неколку популации многу далеку на север ако климатските промени продолжат со исто темпо.

„Поларните мечки веќе се на врвот на светот, ако мразот го снема, тие немаат каде да одат“, вели доктор Стивен Амструп, главниот научник на компанијата Полар беар интернешнал, кој учествувал во истражувањето.

Тој објасни дека прво ќе останеме без младенчињата, кои ќе се раѓаат, но женките нема да имаат доволно телесна маст за да произведат млеко. Месојадите зависат од морскиот мраз на Арктичкиот Океан за да ловат фоки. Како се топи мразот, животните се приморани да поминуваат големи далечини обидувајќи се да најдат храна и да ги прехранат младите.

Поларните мечки се категоризирани во загрозените видови на Меѓународната унија за заштита на природата (ИУЦН), а климатските промени се клучниот фактор за нивното исчезнување.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе